Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардила моменталната кадровска криза во одбраната ја прифаќа како предизвик.
Во моментов Гвардиола во центрот на одбраната располага единствено со Николас Отаменди, бидејќи Лапорт и Стоунс се надвор од терените поради повреди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На мечот со Шахтјор во ЛШ, на местото централен дефанзивец играше Фернандињо, па веројатно Пеп ќе продолжи да игра така и во Премиер лигата.
„Родри може да игра како централен дефанзивец. Во тимот имам и двајца млади играчи, кои исто така треба да се бројат. Не ја прифаќам оваа ситуација како проблем, туку како предизвик“, изјави Гвардиола.
Гвардиола тврди дека никој во клубот не го потценил Норвич минатото коло бидејќи не сметаат дека се непобедливи.
„Пробемот е ваш, на новинарите, кои велите дека нема како да загубиме, бидејќи ние знаеме дека можеме да загубиме. Утре исто така можеме да бидеме поразени“, изјави Гвардиола.