Дома Трансфер зона Гвардиола не се откажува, спрема нова понуда за Пакета

Гвардиола не се откажува, спрема нова понуда за Пакета

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе пред крајот на преодниот рок, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Граѓаните“ не се откажуваат и повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во јануари, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да понуди 80 милиони фунти за Бразилецот, кој и самиот инсистира на трансфер на „Етихад“ бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…