Дома Фудбал Англија Гвардиола е нов рекордер во Премиер лигата

Гвардиола е нов рекордер во Премиер лигата

Пеп Гвардиола испиша нови страници на англиската Премиер лигата во победата на Манчестер Сити од 2:0 над Шефилд Јунајтед.

Граѓаните славеа со голови на Агуеро и Де Брујне во последниот натпревар од 20 коло, што беше доволно за Гвардиола да стигне до 100-та победа во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Освен што стигна до 100. победа, шпанскиот стручњак до тоа достигнување стигна најбрзо од сите останати менаџери со сто триумфи во најсилната лига на светот.

Гвардиола стигна до својата 100. победа на 134 натпревари, надминувајќи го Жозе Мурињо, на кого му беа потребни 142 натпревари за истото достигнување.

„Ова е голем комплимент за клубот и играчите да стигнат до 100. победа. Горди сме на се’ што направивме во овие сезони.“ – изјави Пеп после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемајде од Штутгарт,…