Дома Фудбал Репрезентации Гвардиола: Би сакал да тренирам некоја репрезентација, ќе имам време и за голф

Гвардиола: Би сакал да тренирам некоја репрезентација, ќе имам време и за голф

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола порача дека некогаш во иднина би сакал да тренира некоја репрезентација.

Иако Пеп го чекаат уште неколку години на клупата на Граѓаните, тој изрази желба еден ден да превземе некоја репрезентација, а причината е слободното време за играње голф.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Би сакал да бидам тренер на некоја репрезентација. Да, навистина тоа го сакам, бидејќи ќе бидам вклучен во фудбалот, но да речеме – секои три дена. Така би имал време за голф.“ – изјави Пеп и додаде:

„Подоцна или порано тоа ќе се случи. Нормално, ако некој ме сака на таа позиција.“

Да потсетиме, Гвардиола во досегашниот дел од кариерата водеше три клуба – Барселона, Баерн и Манчестер Сити, а на клупата на Граѓаните е од 2016. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…