Дома Фудбал Италија Гатузо: Ќе играме како да е Светско првенство, го сакаме тој трофеј

Гатузо: Ќе играме како да е Светско првенство, го сакаме тој трофеј

Mилан и Јувентус вечерва ќе играат за трофејот во Купот на Италија.

Очекувањата се Милан да биде повеќе мотивиран и повеќе да го посакува трофејот, а Џенаро Гатузо најави голема борба и потврди дека неговиот тим силно го посакува овој трофеј.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Овој натпревар за нас е како Светско првенство. И навивачите и играчите сакаат да го подигнат тој трофеј. Ќе играме против клуб кој доминира во Италија во последните седум години, сепак ние сме спремни и максимално мотивирани“.

„Ако сакаме да победиме мораме да ја играме нашата игра, да играме машки. Мораме на Јувентус да му го ограничиме просторот. Знаеме дека тоа е тим кој во своите редови има многу одлични играчи, но никој не е непобедлив. Ќе ја бараме својата шанса и мислам дека натпреварот ќе биде интезивен“, изјави Гатузо.

Финалето од купот на Италија се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Знаете ли кој го даде последниот гол за Италија на едно Светско првенство?

Италијанската фудбалска репрезентација, по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во Зен…