Дома Фудбал Италија Гатузо за Гаскоњ: Тој е невозможен, изврши „голема ну*да“ врз моите чорапи

Гатузо за Гаскоњ: Тој е невозможен, изврши „голема ну*да“ врз моите чорапи

Tренерот на Милан, Џенаро Гатузо се потсети на една сезона помината во Глазгов Ренџерс.

Гатузо во овој момент е хит за кого зборува цела Европа. Рино на играчите на Милан успеа да им го пренесе својот победнички менталитет.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец во 1997 година настапуваше во за тимот на Глазагов Ренџерс, а сега го открива непријатното искуство кое го имал со Пол Гаскоњ.

„Во текот на мојот прв ден во Глазгов, Гаскоњ изврши „голема ну*да“ на моите чорапи додека јас бев во бањата. Кога излегов го почуствував непријатниот мирис, тој човек беше невозможен“, открива Гатузо.

По авантурата во Глазгов, Рино се врати во Милан и успеа да испише неколку страници златна историја на овој клуб. Подоцна го носеше дресот на швајцарски Сион, па ја започна тренерската кариера, а сега повторно во Милан покажува дека може да биде и голем тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…