Наполи синоќа доживеа изненадувачку пораз од Гранада во 1/16 финалето од Лига Европа и си го искомплицира пласманот во следната фаза.
Наполи на овој меч играше без неколку важни фудбалери, но Гатузо истакна дека проблемот е прихолошки и како пример го посочи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Елмас направи неколку греши и потоа се депримираше. Во фудбалот, не смеете така да размислување, мора да продолжите напред, а не да седнете и да ги броите грешките. Во тој дел мора да се подобриме многу. Мислам најголемиот проблеми ни е психолошки“, изјави Гатузо.
„Мора да бидиме многу попрецизни, создаваме шанси и заслужуваме повеќе, сега не вреди да зборуваме за пласман во следната рунда. Го загубиувме и Политано, во следниот натпревар не знам кој ќе може да игра. Ни недостигаат 10-11 играчи во моментов“, додаде италијанскиот стратег.