Дома Фудбал Италија Гатузо е само привремено решение, Милан преговара со човекот кој е „специјалист“ за излез од криза!

Гатузо е само привремено решение, Милан преговара со човекот кој е „специјалист“ за излез од криза!

Џенаро Гатузо веројатно нема долго да остане на клупата на Милан.

Многумина се убедени дека Гатузо е само привремено решение, но „росонерите“ тврдат дека Гатузо е долгорочно решение.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Но, се поставува прашањето колку е тоа вистина. „Калчомеркато“ известува дека водечките луѓе од клубот од „Сан Сиро“ во последните неколку дена се сретнаа со претставниците на тренерот кој сакаат да го доведат на крајот од сезоната.

Главна цел на клубот од Милано би требало да биде Антонио Конте кој во овој момент работи во тимот на Челзи со кој минатата сезона ја освои титулата на Англија.

Сепак, неговиот однос со луѓето во клубот не е на потребното ниво, па веројатно во Милано имаат на што да се надеваат.

Во Лондон престојуваше спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, а какви одговори добил сеуште не е познато. Доаѓањето на Конте во Милано би кренало огромна прашина со оглед дека Конте не поранешен капитен, тренер и легенда на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Гвардиол го спаси Сити. Одбраната на празниот гол во 98. минута беше клучна

Манчестер Сити во возбудливо 14-то коло на Премиер лигата го совлада Фулам со резултат 5:4…