Кристоф Галтие дефинитивно следната сезона нема да биде тренер на Пари Сен Жермен, пренесува „Л’Екип“.
Иако, Галтие го освои француското првенство, челниците на клубот нема да му го простат неуспехот и раното испаѓање во Лигата на шампионите. Францускиот медиум пренесува дека во ПСЖ размислуваат кој би требало да го наследи Галтие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото име на листата желби е Жозе Мурињо. Португалецот со заминувањето во Париз повторно би добил прилика да води тим кој има амбиции за титулата европски шампион.
Покрај Мурињо се споменува и Тијаго Мота кој ја води Болоња, како и Марсело Гаљардо кој е без работа по заминувањето од Ривер Плата. Исто така дел од медиумите го наведуваа и името на Чаби Алонсо кој неодамна порача дека сака да остане во Баер Леверкузен.