Дома Трансфер зона Галатасарај добива големо засилување од Арсенал?

Галатасарај добива големо засилување од Арсенал?

Фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец, Жоржињо сака да го напушти лондонскиот клуб, пренесуваат бритнаските медиуми.

Жоржињо е член на Арсенал од 2023 година, а оваа сезона не одигра ниту еден меч за лондонскиот клуб, па поради тоа и сака промена на средината. Пред Арсенал Жоржињо го носеше дресот на Челзи, Наполи и Верона.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Медиумите во Британија пренесуваат дека Жоржињо бара начин да го промени клубот, а најголем интерес покажала Галатасарај.

Неговиот договор со Арсенал е со важност до 30. јуни наредната година. За репрезентацијата одигра 57 натпревари и постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…