Приоритет на новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале ќе биде продолжување на договорот на најголемата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Кардинале на почетокот на октомври ќе дојде во Италија за лично да се заложи околу преговорите со Леао и тренерот Пиоли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли ќе добие нов договор со зголемување на платата и двете страни се блиску до договор, па тука нема да има никаков проблем.
Преговорите со агентите на Леао се во застој бидејќи после освоеното Скудетото апетитите на Португалецот значително пораснаа.
Милан испрати понуда од 6 милиони евра по сезона, но Леао сака да биде меѓу најплатените во Серија А и бара 8 милиони евра по сезона.
Кардинале лично ќе има средба со неговиот агент Жорге Мендеш и најавите се дека ќе ја исполни желбата на Леао.