Манчестер Јунајтед вчера победи со минимални 1:0 во Баскија против Реал Сосиедад. Еднствениот гол на натпреварот го постигна младиот Алеханрдо Гаранчо.
Аргентинецот има само осумнаесет години и главно игра на позицијата лево крило, а вчера го постигна деби голот во дресот на Јунајтед по асистенција на Роналдо. Гарначо повремено добива шанса во Лигата на Европа, додека во Премиер лигата запиша само минута. Но, Тен Хаг верува во неговиот потецијал и младиот фудбалер наскоро би можел да добие нов договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот актуелен договор истекува на крајот на оваа сезона, веќе се појавија заинтересирани екипи и Јунајтед сака да му даде продолжување на соработката до 2027 година.
После вчерашниот натпревар пофалби до младиот фудбалер испрати и Бруно Фернандеш.