Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Одиме на победа, ако калкулираме, нема да успееме

Вујовиќ: Одиме на победа, ако калкулираме, нема да успееме

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, изјави дека нема да калкулира и ќе оди на победа на гостувањето кај Загреб во четвртфиналето од СЕХА лигата.

Вардар има предност од четири гола од првиот меч, но Вујовиќ смета дека ако „црвено-црните“ ја бранат предноста нема да успеат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Сигурно не очекува тежок натпревар. Ако калкулираме, ако ги браниме четирите голови предност од Скопје нема да поминеме. Ние треба да одиме на победа, па и да изгубиме минимално не е страшно. Загреб нема така лесно да се откаже од Фајнал фор во Задар и да нема ниту една хрватска екипа таму. Значи имаат свои мотиви“.

„Јас би сакал Вардар да оди на завршниот турнир, да остане тој кој од основањето на СЕХА-лигата е на Фајнл фор. Секако тоа ќе зависи од многу фактори, судиите, публиката, факторот среќа. Шансите се на наша страна, имаме сериозна предност, па ќе видиме на терен“, изјави Вујовиќ.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

За состобата во Вардар: „Комити“ утре ќе одржат вонредна прес-конференција!

Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци …