Дома Останати Ракомет Вујовиќ: Навивам за Хрватска, но Македонија тактички е подобра

Вујовиќ: Навивам за Хрватска, но Македонија тактички е подобра

Веселин Вујовиќ има статус на вистинска легенда на Балканот.

Пред почетокот на Мундијалот, Вујовиќ откри дека на Светското првенство во Данска и Германија ќе навива за „своите“ – Србија, Хрватска и Македнија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но, денес од 18:00 часот ние играме против Хрватска и Вујо на овој натпревар ќе навива за Хрватите.

„Јас навивам за Хрватска и кога зборувам често пати ми „влетува“ она „ние“, тоа доволно зборува колку ја сакам оваа репрезентација. Македонија е тврда и тактички подобра, додека Хрватска има подобар индивидуален квалитет. Раул Гонзалез е фантастичен селектор и паметно го одмори Кирил Лазаров“.

„Лино треба да одлучи како игра против Македонија и дали ќе го менува системот и дали ќе игра поагресивно. Јас секогаш на моите играч им кажувам дека треба да научат кога да трчаат, а кога да одморат“, изјави помеѓудругото Вујовиќ.

Македонија против Хрватска ќе ја „брка“ третата победа во третиот натпревар на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и в…