Дома Трансфер зона Вулверхемптон ја „краде“ желбата на Манчестер Јунајтед

Вулверхемптон ја „краде“ желбата на Манчестер Јунајтед

Вулверхемптон е спремен да испрати понуда за голгетерот на Штутгарт и австриски репрезентативец, Саша Калајџиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола. 

Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но сега Вулвс сака да ја победи конкуренцијата.

Штутгарт веќе одби понуда од 15 милиони фунти и за слободата на напаѓачот бара 25 милиони.

Вулверхемптон е спремен да испрати понуда приближна до таа сума и верува дека ќе го комплетира трансферот во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…