Дома Македонски спорт Мак ракомет Врањеш: Македонија е квалитетна, не очекува тежок меч

Врањеш: Македонија е квалитетна, не очекува тежок меч

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш очекува тежок натпревар со македонската репрезентација на стартот на Европското ракометно првенство.

Врањеш истакна дека добро ја познава  македонската репрезентација, нашите квалитети, но и нашите слабости.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Во последната година напредуваа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, знаеме дека ќе биде тежок, Македонците се силни во одбраната, имаат добар голман, а во нападот го имаат Кирил Лазаров, еден од најопасните и најстарите играчи на ЕП. Свесни сме за квалитетите на Македонија, но и за слабостите на денешниот ривал, така што ќе мораме да играме на највисоко ниво ако сакаме да победиме“, изјави Врањеш.

Македонија и Словенија денес ќе ги одмерат силите во Дебрецин во 18 часот, во првиот меч од групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…