Во викендот кој е пред на се игра уште еден многу важен натпревар во Серија А.
Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Марио Манџукиќ е познат по тоа што никогаш не се откажува и играњето под јаки болки и повреди поради кои многумина негови колеги пропуштале натпревари. Неговата желба е неверојатна, иако ја надмина границата од 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона повторно е важен дел од првиот тим на Јувентус, без оглед на пристигнувањето на Даглас Коста од Баерн. После ремито против Интер, Јувентус минатиот викенд и гостуваше на Болоња против која славеа со 3:0, а Манџукиќ успеа да постигне погодок кој беше негов четврти оваа сезона.
Но, нешто подоцна од натпреварот Марио се повреди. Заработи дури 13 конци во левата нога и веднаш со болна гримаса го напушти теренот. На негово место во игра влезе Паоло Дибала кој во последно време е на клупата за резерви.
Јувентус утре го игра куп натпреварот против Џенова и тој натпревар Манџукиќ сигурно ќе го пропушти, а „Football Italia“ пренесува дека лекарскиот тим и фудбалерот ќе направат се за тој да биде спремен за натпреварот против Рома наредниот викенд.
Манџукиќ сака да игра и покрај тоа што во ногата има 13 конци, но Јувентус веројатно не сака да ризикува со еден од најважните фудбалери во тимот.
Иначе, ова сигурно е еден од најважните натпревари во сезоната. Рома му е зад петици на Јувентус и има три бода помалку, па така победа за „старата дама“ во овој натпревар би имала огромно значење.