Дома Македонски спорт Војдиновски меѓу дваесетте кандидати за олимпијадата во Токио

Војдиновски меѓу дваесетте кандидати за олимпијадата во Токио

На штотуку завршената Премиер лига што се одржа од 12-14 март 2021 година во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца Боби Војдиновски е избран од страна на WKF во финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои 15 ќе судат на Олимписките игри во Токио.

Војдиновски е долгогодишен носител на WKF светската лиценца и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ова е уште едно големо признсние на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…