Дома Трансфер зона „Волшебникот“ му даде совет на Нејмар

„Волшебникот“ му даде совет на Нејмар

neymar ronaldiho

Светската фудбалска јавност во овој момент е свртена кон Бразилецот, Нејмар и неговиот трансфер во ПСЖ, совети пристигнуваат од сите страни.

Наводно, Нејмар веќе ги договорил условите со Французите и се чека само клубот од Париз да ја плати клазулата која изнесува 222 милиони евра. Нејмар добива совети од многу фудбалски ѕвезди, а последниот го доби од неговиот сонародник Роналдињо

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Интересно е што популарниот „волшебник“ своевремено имаше прилика да игра и за ПСЖ и за Барселона.

„Нејмар мора да го следи своето срце и да биде среќен, да го прави она што му го кажува неговото срце.“, изјави Роналдињо, а овој негов совет можеби и нема да им се допадне на навивачите на Барселона.

Да потсетиме, доколку Нејмар премине во ПСЖ би заработувал 30 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што во овој момент го добива на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…