Дома Фудбал Италија Во Јувентус задоволни, познато кога Погба се враќа на терените

Во Јувентус задоволни, познато кога Погба се враќа на терените

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба се опоравува според планот и клубот е веќе од задоволен од тоа како се одвива се околу неговото враќање на терените.

Французинот веднаш по пристигнувањето во Јувентус заработи повреда на коленото, поради што не одигра ниту една секунда во враќањето во „старата дама“, а првиот настап го очекува на почетокот на 2023.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходните недели Погба работеше напорно на враќањето, а потоа доби одмор кој го искористи во Мајами.

Се уште не почнал да работи на теренот на Тренинг центарот „Континас“, работи во теретана и вежба рехабилитациони вежби во базен, како и физикална терапија.

Во Јувентус биле задоволни од неговиот напредок и се вели дека очекува да го има во тимот во првата половина на јануари и тој би можел да биде во игра за тимот кој ќе се соочи со Наполи на 13-ти првиот месец од годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…