
Манчестер јунајтед ќе мора без Бенјамин Шешко до крајот на 2026 година. Словенечкиот напаѓач има проблем со потколеницата, а според информациите што ги пренесе Фабрицио Романо, повикувајќи се на „Атлетик“, неговото враќање не се очекува пред јануари 2027 година.
На „Олд Трафорд“ нема да го забрзуваат процесот. Медицинскиот тим и раководството се согласни дека 23-годишниот фудбалер треба повторно да заигра дури кога ќе биде целосно закрепнат. Дотогаш го очекуваат одмор и насочена рехабилитација под надзор на специјалисти.
Проблемите започнале во завршницата од минатата сезона, по силен судир на натпреварот против Ливерпул. Шешко успеа да се врати за почетните средби од новата сезона, но болките повторно се појавиле на 16 септември, во дуелот со Брајтон во Лига купот.
Дополнителните прегледи покажале дека оптоварувањето на коската во потколеницата бара подолга пауза. Повредата доведе и до негово повлекување од репрезентативните обврски, а сега е јасно дека ќе го пропушти и остатокот од календарската година.
За Мајкл Керик ова значи помал избор во нападот во густата зимска програма. Поголем дел од товарот во реализацијата ќе падне врз Матеус Куња и Брајан Мбеумо, додека Јунајтед се обидува да се извлече од долната половина на табелата во Премиер лигата.
Фото: Werner100359 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0