Tимот на Челзи веќе подолго време се поврзува со ангажман на аргентинскиот голгетер, Гонзало Игуаин, сепак сега „Скај Спорт“ пренесува вест дека „сините“ имаат алтернатива во случај обидот за трансфер на Игуаин да биде неуспешен.
Попладнево се „Скај Спорт“ лансираше вест дека Челзи во случај да не успее да го доведе Игуаин, ќе тргне по потписот на Калум Вилсон од Бурнемоут за сума од дури 50 милиони фунти!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е навистина зачудувачка вест и тешко дека Бурнемоут ќе ја одбие во случај „сините“ навистина да ја испратат.
Вилсон во Бурнемоут пристигна во 2014 година и од тогаш одигра 126 натпревари и постигна 48 погодоци. Кога во прашање е актуелната сезона игра одлично и има учинок од девет погодоци и пет асистенции.
Пред Бурнемоут го носеше дресот на Ковентри, Кетеринг Таун и Тимворт.
#CFC willing to pay up to £50m for #AFCB's Callum Wilson – if they fail to convince Gonzalo Higuain to come to Stamford Bridge.
? Follow all of today's transfer news: https://t.co/ypyw0pJ0Ht pic.twitter.com/74WLZWRylL
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 9, 2019