Се појасно станува дека македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас ова лето ќе направи трансфер во поголем европски клуб.
Елмас подолго време е следен од голем број клубови во медиумите се поврзуваше со клубови како Тотенхем, Фиорентина, Лацио, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Бенфика…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентивец неодамна беше стрелец во турското дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, а тој гол само дополнително ја зголеми неговата цена.
Денес турските медиуми пишуваат дека во Фенер одлучиле и Елмас ќе може да замине, но само ако некој клуб понуди повеќе од 20 милиони евра, за помала сума Турците нема да преговараат.
Ако им веруваме на медиумите најблиску до ангажман на Елмас во овој момент е премиерлигашот Тотенхем, наводно тимот на Маурисио Покетино е спремен да плати 23 милиони евра. Меѓутоа допрва се очекува да започне големата битка за потписот на Елмас.
До овој момент во турскиот клуб официјална понуда нема пристигнато. Меѓутоа како што споменавме во Фенер одлучиле, но веројатно се и приморани да го продадат Елмас поради големите долгови во кои се најдоа (околу 60 милиони евра).
Како и да е Фенербахче сигурно одлично ќе заработи од Елмас затоа што турскиот гигант за да го доведе Елмас во август 2017 година на скопски Работнички му плати тренинг компезација во износ од 180.000 евра.