Tиквеш успеа да го запре Шкупи во Кавадарци, меѓутоа по натпреварот домаќините се лути на судиите во овој натпревар и сметаат дека не добиле чист пенал и им бил поништен регуларен гол.
Одлуките на теренот на судијата Качевски предизвикаа револт кај раководството на Тиквеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Смешно или трагично на денешниот натпревар против екипата на Фк Шкупи. Јован Качевски заедно со неговите помошници денеска направиа катастрофално судење во дерби натпревар каде дирекно му наштетија на нашиот тим.
Во 46-та минута при контра напад на нашата екипа играчот Едиз Спахиу се најде очи во очи со противничкиот голман но од зад грб беше спречен со боречки зафат и не беше досуден чист пенал за нашата екипа а Качевски со неговите помошници при очи останаа слепи.Се прашуваме до каде води ова лудило и дали воопшто треба да се игра фудвал во оваа држава“, објави Тиквеш.
Во ова коло видовме и катастрофална грешка на Александар Ставрев на натпреварот помеѓу Воска Спорт и Македонија Ѓорче Петров.
Видео: Канал 5