Дома Фудбал Англија Во сезоната за заборав на „Олд Трафорд“ сепак пристигна еден трофеј

Во сезоната за заборав на „Олд Трафорд“ сепак пристигна еден трофеј

Мaнчестер Јунајтед минатата сезона ја заврши една од најлошите сезони во последните 30 години на клубот.

„Црвените ѓаволи“ завршија на шестото место на табелата кое наредната сезона ги води во Лигата на Европа, но сигурно дека тоа е далеку од очекувањата на англискиот гигант.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше Јунајтед како да започна да се распаѓа, а освојувањето на Премиер лигата или некој друг трофеј стана скоро невозможна мисија.

Жозе Мурињо на една сезона малку успеа да го врати стариот сјај, но тоа траеше кратко. Јасно е дека на Јунајтед му се потребни големи промени бидејќи навистина е тажно да се гледа клуб со таква традиција некаде скоро на средина на табелата.

Оваа сезона за заборав на Јунајтед сепак ќе заврши со еден освоен трофеј, но за тој не се заслужни играчите туку вработените на „Олд Трафорд“ кои се грижат за тревата на теренот секогаш да биде во одлична состојба.

На Манчестер Јунајтед му беше доделена наградата за најдобар тревник на стадионите во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…