После ова ќе ви биде јасно дека многу срца ќе чукаат за Наполи во шампионскиот расплет во Серија А.
Ситуацијата е многу јасна. Јувентус има еден бод предност во однос на Наполи, но има и значително потежок распоред.
Прво му гостува на Интер, тоа е најголемиот ривал на „старата дама“ и ќе направат се за да ги запрат во викендот кој следи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мораме да ги запреме, тоа би било двојна радост. Би им ја одземале титулата, а нас ни е потребна победата за место во Лигата на шампионите“, изјави поранешниот дефанзивец на „нероаѕурите“, Марко Матераци.
Од друга страна се подготвува инвазија на Наполитанци во Фиренца, натпревар во кој очекуваат да го превземат лидерското место на табелата. Навивачите на Фиорентина отворено бараат од играчите и клубот да го остават Наполи да победи поради омразата која ја имаат кон Јувентус.
И тука не е крајот, Јувентус ќе игра и во Рима против Рома! „Волчицата“ ќе направи се за да слави, потребни им се бодови за Лигата на шампионите, а исто така ривалството помеѓу овие два клуба е големо. Покрај тоа Рома и Наполи се актери во „Дербито на сонцете’, некогаш беа и сојузници.
Под Везув пристигнува Торино, а не е тешко да се погоди какви се нивните чуства кон градскиот ривал.
Ова секако се само претпоставки, ќе видиме што ќе се случува на теренот. Јувентус зависи од себе, но формата од натпреварите против Кротоне и Наполи, не му гарантира победи.
На кој клуб би можел да смета Јувентус на помош од преостанатите четири натпревари на Наполи?
Можеби само на Сампдорија која на својот стадион ќе се бори за Европа или евентуално Кротоне ако му бидат потребни бодови за опстанок, но тоа не изгледа реално.
Тешко може да се случи клубовите да бидат изедначени по бројот на бодови на крајот од шампионатот, меѓусебниот скор е идентичен, но Јуве има многу подобра гол разлика. Сепак, како што кажа и самиот Алегри во сабота можеби е клучниот натпревар против Интер, каде што секако ќе биде потешко отколку во Рим. Пред се поради тоа што Рома ја очекуваат два натпревари против Ливерпул во Лигата на шампионите.