Често пати се случувало клубовите подоцна да сфатат какви „бисери“ имале во своите редови, но ги изгубиле, па тие блеснале некаде на друго место.
Челзи така лесно се откажа од Салах и Де Брујн кои денес се големи ѕвезди во Ливерпул и Манчестер Сити. Сега има еден нов пример, Карлос Винисиус, 25 годишниот бразилски напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи Карлос Винисиус го доведе пред две години од португалскиот Реал СЦ за сума од околу четири милиони евра. Меѓутоа бразилскиот напаѓач во Наполи не ни дебитираше. Беше испраќан на разни позајмици, а минатото лето го продадоа на Бенфика за 17 милиони евра.
За само една сезона во Бенфика Винисиус покажа дека има квалитет. На 36 настапи постигна 20 голови и запиша 12 асистенции.
Очекувано, веднаш бројни европски клубови покажаа интерес, а португалските медиуми веруваат дека неговиот трансфер може да достигне и 60 милиони евра.
Наводно, Вулверхемптон е спремен да потроши 60 милиони евра на него ако Раул Хименез си замине, со Винисиус се поврузваше и Манчестер Јунајтед.