Дома Топ вести Во Италија ќе се купува уште четири дена и во најава драма: Роналдо има свое барање!?

Во Италија ќе се купува уште четири дена и во најава драма: Роналдо има свое барање!?

ronaldo

Според ситуацијата од стартот на преодниот рок и она што денес се пишува во италијанските медиуми во последните четири дена од преодниот рок во Италија ќе гледаме една голема сапуница.

Имено, денес прво се појави информацијата дека Милан направил план за кој смета дека ќе им биде успешен, односно ќе го доведат Сергеј Милинковиќ Савиќ во Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Попладнето пак од Рим ни пристигна информации кои говореа дека Сергеј нема да ја промени средината и ова лето, како и дека наскоро ќе потпише нов договор.

Сега, последна вест на тема „Сергеј“ е наводното барање на Кристиано Роналдо Сергеј да биде доведен во Торино.

Оваа вест додуша не доаѓа од Италија, туку од шпанскиот медиум кој е познат по ексклузиви „Дон Балон“.

Овој медиум пишува дека Португалецот веќе разговарал со директорите Марoта и Партичи околу доведувањето на Сергеј.

Најголемиот проблем во потенцијалниот трансфер на Сергеј го прави Клаудио Лотито кој нема намера да го пушти Савиќ за помалку од 120-130 милиони евра.

Преодниот рок во Италија се затвара на 17-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…