Од Белгија овие денови избувна големата афера со перење пари и наместени натпревари, белгиските служби од ден во ден уапсуваат нови лица, а деветиот опасен е Македонец.
Драган Силјановски е новото име кое се појави во белгиските медиуми во рамки од еден од најголемите фудбалски скандали во Европа. Силјановски е уапсен под соменвање дека соработува со криминална организација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен тоа, Драган Силјановски е менаџер на хравтскиот тренер на Клуб Бриж, Иван Леко кој беше уапсен, па вчера пуштен од притвор.
Освен на Леко во белгиските медиуми може да се прочита дека тој е менаџер и на напаѓачот на Андерлехт, Иван Сантини.
Ќе потсетиме, Македонија беше споменувана од белгиските медиуми уште на почетокот на акцијата на полициските служби.
Наскоро се очекуваат повеќе информации за евентуалната вмешаност на Силјановски во скандалот кој ја тресе Европа овие денови.