Претседателот на Барселона, Бартомеу во неколку наврати истакна дека нема да го продава Филипе Кутињо, но јасно е дека Бразилецот не ги исполни очекувањата на „Камп Ноу“.
Кутињо минатиот јануари пристигна како најскапо засилување во историјата на Барселона, а веќе оваа сезона го загуби местото во првиот тим. Слабата игра на синоќешното „Ел Класико“ само потврдува дека Бразилецот е бледа сенка на овој играч од Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона е спремна да го продаде доколку пристигне понуда поголема од 100 милиони евра, а последните информации говорат дека Челзи токму Кутињо го сака како замена за Азар.
Азар одби да го продолжи договорот и на лето сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, а „сините“ нема да жалат пари да го донесат Кутињо во своите редови.
Челзи за Азар ќе добие нешто повеќе од 100 милиони евра и е спремен целата сума да ја понуди за потписот на Кутињо.