Maнчестер Сити вчера славеше во заостанатиот натпревар против Тотенхем со 0:2 и така се искачи на врвот во Премиер лигата во пресрет на последното коло.
Избраниците на Пеп Гвардиола славеа победа со 0:2, но сега на Островот се коментира ситуацијата при првиот гол кога Де Брујн му асистираше на Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, се појавија објаснувања дека Де Брујн е во недозволена позиција пред да ја добие топката со која му асистира на норвешкиот голгетер. Со тој гол Манчестер Сити поведе со 0:1, а во завршницата со голот од пенал победата беше само потврдена.
🚨❌CATASTROPHIC MISTAKE by the VAR in Manchester City's first goal against Tottenham.
— Football Offsides (@FutOffsides) May 14, 2024
De Bruyne, the player that assisted Haaland, was in an offside position in the build-up.
This mistake might cost Arsenal the possibility of winning the league. pic.twitter.com/TXjTPcVcE3
Во последното коло Арсенал кој игра против Евертон, ќе се надева дека Вест Хем кој резултатски нема за што да игра може да ги изненади „граѓаните“.