Фудбалерот на Арсенал, Бакајо Сака истакна дека е среќен во клубот и најави дека е блиску до потпишување на нов договор.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета неодамна истакна дека очекува 20-годишниот англиски репрезентативец да остане во клубот. Во таква насока е и изјавата на Сака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убеден сум дека сум посакуван тука. Ја чувствувам љубовта и поддршката од соиграчите, тренерот и навивачите“, изјава Сака.
Истакна и дека има одличен однос со Артета.
„Знам дека е тука секогаш за мене. Знае кога да разговара, никогаш не претерува, а не е ниту премногу одалечен. Советите кои ми ги дава се посебни и прават разлика“, изјави Сака.
Во минатата сезона Сака беше најдобар стрелец на Арсенал со 12 голови. Неговиот договор истекува за две години, а Артета сака да потпише нов затоа што долгорочно смета на Сака.