Дома Македонски спорт Влезот за натпреварот Македонија – Азербејџан ќе биде бесплатен

Влезот за натпреварот Македонија – Азербејџан ќе биде бесплатен

Женската ракометна репрезентација на Македонија в среда ќе се соочи против Азербејџан во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Ракометната федерација на Македонија пред овој натпревар објави дека влезот за овој дуел ќе биде слободен.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Ве известуваме дека женската сениорска ракометна репрезентација во рамки на квалификациите за обезбедување пласман на претстојното Европско ракометно првенство 2024 ќе одигра меѓународен квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан.

Меѓународниот квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан ќе биде одигран на ден 11.10.2023 (среда) со почеток во 18.00 часот во СЦ Јане Сандански (мала сала) во Скопје. Бидете информирани дека влезот за натпреварот е слободен“, соопшти РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…