Дома Топ вести Влаховиќ го напушта Јувентус, три гиганти се борат за неговиот потпис

Влаховиќ го напушта Јувентус, три гиганти се борат за неговиот потпис

Душан Влаховиќ сериозно размислува да го напушти Јувентус и уште во јануари може да дојде до голем трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Силен интерес за Влаховиќ покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и неизвесноста поради евентуалната казна.

Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Србинот преферира трансфер во Премиер лигата, а споменатите клубови нема да жалат пари за да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…