Дома Трансфер зона Виљареал одбил понуда од 35 милиони од Ливерпул

Виљареал одбил понуда од 35 милиони од Ливерпул

За време на јануарскиот преоден рок Ливерпул имал неуспешен обид да го ангажира крилниот напаѓач на Виљареал, Самуел Чакуезе, пренесува „Франс Фудбал“.

20-годишниот талент е главна трансфер мета на Ливерпул. Тој одигра фантастична сезона за „жолтата подморница“ и го привлече вниманието на Јирген Клоп.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Нигериецот важи за еден од најголемите таленти во Европа и се здоби со епитетот „нигерискиот Робен“, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговите агенти.

Ливерпул испратил понуда во јануари од 35 милиони евра, но истата ескпресно била одбиена од страна на Виљареал.

Сепак, Клоп не се откажува и ќе се обиде да го донесе Нигериецот на лето, бидејќи во него гледа идеална алтернатива за Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…