КОНЕЧНО, Килијан Мбапе постигна гол на првенствен натпревар за Реал. На навивачите на шпанскиот и европскиот шампион особено им е драго што тој дебитираше во Примера на „Сантијаго Бернабеу“. Набргу потоа го даде вториот од пенал за 2:0 против Бетис во четвртото коло од Ла Лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Камерата го фати Вини како му го допушта пеналот на Мбапе. Тоа подоцна го потврди и Анчелоти. „Винисиус беше многу несебичен. Пеналот му го препушти на Мбапе. Нивниот однос е добар“.
🗣️ Vinicius Jr: “Kylian, you take it.” @DAZN_ES pic.twitter.com/4g9q9pBrSg
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 1, 2024
Последната реченица на тренерот на Реал е значајна и бара кратко објаснување. Зошто Анчелоти воопшто почувствувал потреба да истакне дека односот меѓу двете големи ѕвезди на клубот е добар? Бидејќи по „кризата“ на Мбапе, првите три првенствени натпревари без гол, медиумите и социјалните мрежи почнаа да нагласуваат дека тоа е последица и на лошиот однос меѓу Французинот и Бразилецот.
Како потврда на таа теза беше наведен трендот на соработка меѓу Винисиус и Мбапе. Така, во првиот заеднички натпревар за Реал си додале 12 пати, во втората падна на 4, а во третата изнесуваше мизерни 2 меѓусебни додавања.