Дома Останати Тенис Вимблдон: Ѓоковиќ имаше проблеми но победи, четвртиот носител елиминиран

Вимблдон: Ѓоковиќ имаше проблеми но победи, четвртиот носител елиминиран

И денешниот ден на Вимблдон не помина без изненадувања.

Осмиот играч во светот и четврт носител на Вимблдон е поразен од Аргентинецот Пела со 6:4:6:3, 7:6. Јужноафричкиот тенисер важеше за голем фаворит, а на крајот не освои ниту еден сет. Пела во следната фаза ќе игра против Милош Раониќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното дојде до победа против полскиот тенисер Хуркаж. Новак првиот сет го доби со 7:5, но во вториот изгуби во тај-брејк.

Во следните два сета Новак заигра посериозно и со 6:1 и 6:4 го победи својот ривал. Во наредната рунда Србинот ќе игра против победникот од мечот Аугер Алисим – Хумберт.

Фернандо Вердаско на искуство го доби Фабиан во три сета со тоа што Бразилецот во последниот поен направи двојна грешка. Вердаско славеше со 6:4, 7:6 и 6:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…