Дома Фудбал Останато Видете го ритуалот на Меси пред изведување слободен удар 🎥

Видете го ритуалот на Меси пред изведување слободен удар 🎥

Лионел Меси игра одлично на Копа Америка, и во моментов е прв стрелец на турнирот со четири погодоци, од кои два постигна од слободен удар.

Меси против Еквадор постигна гол од слободен удар и уште еднаш покажа дека е специјалист за слободни удари. Ова е негов 58-ми погодок од слободен удар, што е најмногу од сите активни фудбалери на светот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Камерите успеаа да забележат дека Меси има мал ритуал пред изведување на слободниот удар и со топката се однесува на посебен начин.

Додека ја местеше топката имаше став како да се подготвува за трка, па внимателно забележа каде се наоѓаат противничките фудбалери и голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанскиот гигант нуди 40 милиони евра на Реал Мадрид, Нико Паз останува во Серија А!

Според италијанските медиуми, Нико Паз може да остане во Серија А, но ќе го напушти Комо. …