Лионел Меси ги изненади сите со одлуката да ја продолжи кариерата во ПСЖ, откако не го продолжи договорот со Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот имаше намера да остане во Барселона и се согласи да потпише нов договор, но потоа планот пропадна затоа што Каталонците не можеа да го регистрираат поради финансиските проблеми.




Меси во солзи се збогуваше од Барселона, а само неколку дена подоцна потпиша за ПСЖ, кој му понуди договор на две плус една година.




Антонела гледаше неколку луксузни вили во Париз, а француските медиуми пренесуваат дека Меси и семејството ќе живеат во дворецот „Пинк Палас“ кој се наоѓа во близина на Париз, а неговата цена е неверојатни 50 милиони евра.





