Јувентус и Интер одиграа одличен пријателски меч во Кина, кој на крајот им припадна на „бјанконерите“ после изведување на пенали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Регуларните 90 минути завршија без победник 1:1, иако двата гола ги постигнаа фудбалери на Јувентус. Имено, Матијас де Лихт го отвори резултатот со автогол во првото полувреме.
Интер одлично се претстави во првото полувреме и со пресинг ги неутрализираше идеите на противникот, но во второто полувреме „бјанконерите“ беа подобри.
Израмнувањето стигна во 62-та минута преку Кристиано Роналдо, кој погоди од слободен удар.
При изведувањето на пеналите најмногу се истакна Буфон, кој им удбрани три удари на „нероаѕурите“ и му донесе победа на Јувентус.