Дома Фудбал Останато Видео: Јувентус после изведување на пенали го победи Интер

Видео: Јувентус после изведување на пенали го победи Интер

Јувентус и Интер одиграа одличен пријателски меч во Кина, кој на крајот им припадна на „бјанконерите“ после изведување на пенали.

Регуларните 90 минути завршија без победник 1:1, иако двата гола ги постигнаа фудбалери на Јувентус. Имено, Матијас де Лихт го отвори резултатот со автогол во првото полувреме.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Интер одлично се претстави во првото полувреме и со пресинг ги неутрализираше идеите на противникот, но во второто полувреме „бјанконерите“ беа подобри.

Израмнувањето стигна во 62-та минута преку Кристиано Роналдо, кој погоди од слободен удар.

При изведувањето на пеналите најмногу се истакна Буфон, кој им удбрани три удари на „нероаѕурите“ и му донесе победа на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ најде ново засилување за 70 милиони евра: Енрике нема да го користи во прв тим!?

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен засега нема направено ниту еден потег на летниот пазар. Е…