Играчот за врска на Манчестер Сити, Јаја Туре вчера го одигра последниот натпревар во дресот на „граѓаните“ на „Итихад“.
Јаја на крајот на оваа сезона го напушти Манчестер Сити, а со оглед на тоа дека „граѓаните“ во последното коло играат на гостински терен, пред почетокот на вчерашниот натпревар му подготвија церемонија на која се простија од својот долгогодишен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При церемонијата „граѓаните“ му приредија вистинско изненадување на Туре. Специјален гостин беше – неговиот брат Коло.
Да потсетиме, тие двајца своевремено заедно го носеа дресот на овој куб, а навивачите не го заборавија тоа, па при излегувањето ги испратија со песната посветена на нив двајца.
Јаја секако беше воодушевен кога го виде својот брат и срдечно се поздравија. Коло Туре боите на Манчестер Сити ги бранеше од 2009 до 2013 година и за тоа време одигра 82 натпревари и постигна два погодоци.
Is there a better way to celebrate the final home game of the season..? #mancity pic.twitter.com/JKxC3jBy63
— Manchester City (@ManCity) May 9, 2018
There was a surprise guest at Yaya Toure's Man City farewell party tonight ? pic.twitter.com/fIeuYS4lg8
— ESPN UK (@ESPNUK) May 9, 2018