Екипата на Шкендија без многу проблеми ја победи Ренова (2:0) и го доби тетовското дерби во рмките на 8-то коло од Македонската лига.
Шкендија работата ја заврши уште во првото полувреме. Резултатот го отвори Бесарт Ибраими во 6-та, а Хасани во 34-та минута ги постави конечните 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најефикасно на денешните средби беше во Прилеп, каде Победа го совлада Скопје со 4-2. Стрелци на головите за прилепчани Благоја Гешоски, Дарко Илиески, Дејан Цветановски и Борче Маневски, головите за Скопје ги постигнаа Милош Џугурдиќ, како и домашниот фудбалер Ристе Илијовски кој со постигна автогол.
Дуелот на стадионот во скопската населба Чаир, меѓу Шкупи и Пелистер заврши нерешено 1-1, а без победник беше и на арената „Филип Втори“, но дуелот меѓу Работнички и Силекс заврши без голови 0-0.