Македонската спортска јавност денес ги дозна противниците на Вардар и Шкендија, додека на Вардар противник ќе му биде турски Фенербахче, Шкендија ќе оди на двомеч со големиот Милан.
Веднаш по добивањето на Шкендија, италијанските гиганти спремија најава за македонскиот претставник, а најопширна во најавата беше „Газета Дело Спорт“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарниот италијански весник помеѓу другото пишува за ударното дуо на Шкендија, Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани. Се истакнува дека Хасани е најдобриот поединец во тимот предводен од Ќатип Османи. Тие ја споменуваат и позицијата на УЕФА ранг листата на која клубот од Тетово се наоѓа на 314 позиција. За крај се наведуваат противниците кои Шкендија успеа да ги елиминира до оваа плеј-оф рунда, Дачија, Хелсинки и Тракаи.
„Тутоспорт“ и „Калчомеркато“ беа кратки во своите најави тие само најавија дека италијанскиот претставник во плеј-офот од Лигата на Европа ќе се сретне со Шкендија и дека италијанската јавност очекува лесен двомеч и пласман на Милан во групната фаза од Лигата на Европа.
За крај погледнете ја реакцијата на Бонучи и Монтела кои заедно ја следеа ждрепката. Моментот кога е извлечена Шкендија е на 8.40.
LIVE! ?Let's get behind-the-scenes as we discover our next #UEL opponents at Milanello ⚽Scopriamo insieme a Milanello i nostri prossimi avversari in Europa League ⚽
Posted by A.C. Milan on Freitag, 4. August 2017