Синоќа имаше богата НБА понуда, а во центарот на вниманието беше дербито на Тексас кое му припадна на Хјустон. Бостон после неколку порази им се врати на победите.
Во дербито на Тексас, Хјустон го совлада Далас со 104-97, благодарение на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 25 поени и 13 скока, а Тревор Ариза постигна 23 поени за гостите. Најефикасен во тимот на Далас беше Весли Метјуз со 29 поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бостон Селтикс беа поуспешни Лос Анџелес Клиперс со резултат 113:102, за прекинување на губитничката серија. Кајри Ирвинг го предводеше тимот со 20 8 скока и 7 асистенции. Доволна помош имаше и од новајлијата Џејсон Тејтум кој уфрли 18 поени, а Тери Розиер имаше 15 од клупата.
Резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс – 96: 101
Детроит – Јута – 95:98 по продолжение
Индијана – Феникс – 116: 101
Филаделфија – Чикаго – 115: 101
Атланта – Торонто – 93: 108
Далас – Хјустон – 97: 104
Мемфис – Сан Антонио – 85: 108
Портланд – Минесота – 123: 114
Лос Анџелес Клиперс – Бостон – 102: 113