Вечерва на програмата во Лигата на шампионите е големото дерби помеѓу Ливерпул и Баерн Минхен.
Ливерпул поради моменталната форма е благ фаворит, но во ваков натпревар формата не игра секогаш главна улога. Натпреварот започна супер офанзивно и во првите минути видовме добри прилики и на двете страни.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Една од најдобрите прилики ја имаше Мохамед Салах, но чуварот на мрежата на германскиот гигант запиша интервенција. Меѓутоа она што беше забележително и што привлече големо внимание во оваа ситуација е чудесната долга топка на Џордан Хендерсон.
Хендерсон од средината на теренот испрати супер прецизна топка кој стигна до Египќанецот кој иако беше во одлична позиција не успеа да реализира и да го доведе Ливерпул во водство.
Henderson can’t pass forward my arse #Liverpool pic.twitter.com/bVmeHtCIP0
— Huw West (@Huwythebarber) February 19, 2019