Драмата со две продолженија во Портланд, која му припадна на Детроит и новиот трил дабл на Џејмс Харден ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ сае одиграа во НБА лигата.
Џејмс Харден продолжи со феноменалните партии, го предводеше Хјустон до осмата победа во низа, со трипл дабл од 40 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Хјустон го победи Торонто 129:122.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Портланд во вистински трилер, по две продолженија, загуби од Детроит 124:125. Мечот го реши Колдвел-Поуп кој постигна тројка на девет секунди до крајот на второто продолжение.
Херојот на Детроит мечот го заврши со 26 поени, додека најефикасни беа Реџи Џексон со 31 поен, односно Андре Драмонд со 28 поени и 14 скокови. Кај Портланд Си-Џеј Мекалум уфрли 35, а Ален Краб го одигра мечот на кариерата, тој постигна 30 поени (5/5 за три).
Кливленд потешко од очекувањата го победи Феникс 120:116. Две третини од поените на Кливленд постигнаа тројца играчи: Леброн Џејмс 28, Кајри Ирвинг 27, Кевин Лав 25.
ЛА Лејкрес славеше против Орландо 111:95, а Мемфис ја совлада Јута 88:79.