Дома Фудбал Англија Видео: Сане и Де Брујн го „пензионираа“ Руни

Видео: Сане и Де Брујн го „пензионираа“ Руни

Фудбалерите на Манчестер Сити на вчерашното гостување го совладаа Евертон со резултат 3:1 во рамките од 32 коло во англиската Премиер лига.

Машинеријата на Пеп Гвардиола продолжува со одличните настапи и стигна на чекор од тоа да ги реши сите дилеми кога во прашање е новиот шампион на Англија. Одличен натпревар против Евертон одиграа Лерој Сане и Кевин Де Брујн кои повторно го покажаа својот квалитет.

Посебно на своја кожа тоа го почуствува искусниот напаѓач на домаќините, Вејн Руни со кого си поигруваа Сане и Де Брујн. Прво Германецот му ја протна топката низ нозе, а само неколку секунди подоцна следуваше и одличен потег од Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо го критикува Жорже Жесус за третманот во репрезентацијата

Кристијано Роналдо изрази незадоволство од третманот кој го доби од селекторот на Португал…