Сан Антонио славеше во дуелот со Оклахома, во дербито во НБА лигата, а синоќа победи забележаа уште и Торонто, Вашингтон, Хјустон, ЛА Лејкерс.
Кошаркарите на Сан Антонио ја совладаа Оклахома со 108-94 во највозбудливиот натпревар од НБА програмата. Каваи Ленард постигна 36 поени, а Вестбрук мечот го заврши со 27 поени и 14 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возбудлив меч одиграа Торонто и Њу Орлеанс, а по едно продолжение домаќинот победи 108:106. Кајл Лаури постигна 33 поени, вклучувајќи ги и последните два кои го решија победникот, додека кај Њу Орлеанс се истакна Џру Холидеј со 30 поени.
Бредли Бил постигна 28 поени во победата на Вашингтон над Њујорк 117:101, додека Хјустон предводен од Рајан Андерсон славеше во дуелот со Сакраменто 105:83.