Дома Останати Кошарка Видео: Сан Антонио во финале – следува спектакл против Голден Стејт!

Видео: Сан Антонио во финале – следува спектакл против Голден Стејт!

Кошаркарите на Сан Антонио, без својот најдобар играч Каваи Ленард, го декласираа Хјустон 114.75 и со вкупен резултат 4-2 ја добија полуфиналната серија во Западната конференција, па во финалето ќе играат против Голден Стејт.

Без Каваи Ленард, Сан Антонио го скрши отпорот на противникот уште во првото полувреме, кога стекна предност од 22 поени. Спарси особено беа импресивни во втората четвртина, во која постигнаа 17 поени повеќе од Хјустон (30:13).

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во отсуство на Ленард, Спарси ги предводеше Ламаркус Олдриџ со 34 поени и 12 скокови, а неговата игра ја следеа Донатон Симонс со 18 кошеви, Пети Милс со 14 поени и седум асистенции , додека „дабл-дабл“ забележаа Дехонте Мареј (11 поени, 10 скокови, 5 асистенции) и Пау Гасол (10 поени, 11 скокови, 5 асистенции, 3 блокади).

Хјустон без помошта на Џејмс Харден не можеше да се носи со разиграните Спарси. Кандидатот за МВП наградата, Харден, одигра катастрофален меч, погоди само два шута од поле, а мечот го заврши со 10 поени и седум асистенции.

Финалето на Западот ќе започне на 14.мај во Оукленд, каде ќе се одигра и вториот меч на 17.мај. Потоа серијата ќе се пресели во Тексас, каде исто така ќе се играат две средби, на 21. и 23.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Лејкерс не им помогна ниту фантастичниот Дончиќ – доживеаа катастрофа во првиот натпревар против Минесота! (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со пораз дома од Минесота го започнаа овојогодишниот НБА плеј-оф…